Компанијата „Трајал“ го исчисти старото ракетно гориво во скопско Ново Село

Станува збор за неколку тони опасни и експлозивни материи лоцирани во  поранешната компанија АД „Теас-Темко“ на просторот меѓу Ново Село и Волково.

675

Српската компанија „Трајал“ без надомест ја чисти депонијата на застарено ракетно гориво за градобијни рекети и друг експлозивен материјал, имот на поранешната компанија АД „Теас-Темко“ во Ново Село, соопшти прес-службата на владата.

„Владата организираше постапка за продажба и чистење на теренот, согласно процедурите за управување и транспортирање на опасни материи, без ниту денар надомест за компанијата што ја спроведе постапката“, соопштија од владината прес служба.

Станува збор за неколку тони опасни и експлозивни материи лоцирани во  поранешната компанија АД „Теас-Темко“, сопственост  на „Макпетрол“ на просторот меѓу Ново Село и Волково. Оваа депонија беше една од најголемите загадувачки жаришта и опасност за животната средина, безбедноста и за здравјето на граѓаните.

Претходно за чистење на теренот беа побарани 850.000 евра.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...