Мечот помеѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ ќе остане меѓу најголемите во историјата на тенисот.
Швајцарецот открива зошто му се восхитува на Ѓоковиќ.
– Ѓоковиќ е опуштен, по тоа сме слични. За да бидете успешен мора да бидете опуштен. Ние играме многу мечеви, од 50 до 100. Не е тоа како во боксот кога имате до два меча во годината. Ние мора да се опуштиме пет минути пред мечот – истакнал Федерер.
– Тоа што ме изненади кај Ѓоковиќ е јасноста која ја има кога сака да победи. Тој како да размислува„ ќе играм вака и зато ќе успеам“. Ми се допаѓа и тоа што избира кога и што ќе јаде. Сѐ мора да биде според план. Тоа неверојатно го почитувам – вели Федерер.
Фото: EPA/ETTORE FERRARI