Федерер: Надал и јас не сме најдобри пријатели

Според него, долгогодишните ривали многу се почитуваат едни со други, но не се нешто големи пријатели.

682
ФОТО: EPA / MARTIAL TREZZINI

Швајцарецот Роџер Федерер зборуваше за односите со Шпанецот Рафаел Надал. Според него, долгогодишните ривали многу се почитуваат едни со други, но не се нешто големи пријатели.

– Ние се разбираме совршено. Кога комуницира со мене, Рафа е секогаш отворен и искрен. Ние многу се почитуваме. Но, не мислам дека сме најдобри пријатели. Тој има пријатели и подобри од мене. Исто како и јас. Но, главната работа меѓу нас е почитта. Ние сме противници само на теренот – изјави Федерер за „Tennis World USA“.

Федерер и Надал заедно со Новак Ѓоковиќ се најдобрите тројца светски тенисери последните години и воопшто меѓу најдобрите во историјата на овој спорт.

ФОТО: EPA / MARTIAL TREZZINI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...