Федерер лут поради нереалните очекувања на навивачите

Во одреден момент го оствaруваш својот сон, но сепак почнуваш да добиваш критики за тоа што не си постигнал доволно или не си играл како што треба. Логичката реакција е воопшто да не те интересираат ваквите коментари, вели Маестро.

413
ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Роџер Федерер објави дека врвните тенисери ретко ја добиваат почитта што им е потребна од навивачите и медиумите за своите достигнувања.

Самиот Федерер, од многумина сметан за најголемиот тенисер на сите времиња, сепак слуша критика на своја адреса по загубеното финале на „Вимблдон“ од Новак Ѓоковиќ. Истата работа се случува и со еден од најголемите во спортот – Рафаел Надал, кој сè уште е критикуван за тоа што може да победува само на земја.

Последно, но не и најмалку важно, Швајцарецот се осврна на темата со недостаток на признание за секој натпреварувач кој стигнал до првите 100 на АТП листата.

– Мислам дека ако ги прашате повеќето играчи на турнејата, тие ќе ви кажат дека постигнале повеќе отколку што сонувале. Сите сонуваат да бидат во првите 100, топ 10, број 1 во светот, да освојуваат повеќе трофеи, но самиот факт дека сте во можност да се прехранувате со она, што сакаш да го правиш, е неверојатно. Во одреден момент го оствaруваш својот сон, но сепак почнуваш да добиваш критики за тоа што не си постигнал доволно или не си играл како што треба. Логичката реакција е воопшто да не те интересираат ваквите коментари, вели Маестро.

Според него, секој треба да го стори она што може најдобро, со кое ќе биде горд и со кое ќе се гордее неговото семејство, пријателите и земјата.

– Без разлика во кој спорт се натпреварувате, да се биде меѓу првите 100 во светот е достигнување само по себе. Веќе сте шампион. Во тенисот, сепак, сите велат дека да се биде во првите 100 не е нешто посебно. Не се согласувам, заврши Федерер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...