Галењето на бебето силно влијае врз развојот на мозокот на детето

За развојот на мозокот на бебињата, особено кај прерано родените помага галењето на родителите. Ова го покажало истражувањето објавено во списанието Current Biology, спроведено врз 125 бебиња во детската болница Nationwide во САД.

395

Научниците дошле до заклучок дека прегратките  поттикнуваат посебна реакција во мозокот на бебето неопходна за воспоставување на социјални и емоционални односи, како и за навремен развој на нервниот систем.

Бидејќи визуелниот систем на новороденчињата сѐ уште не е доволно развиен, нивниот развој многу зависи од допир и од звук. За да видат како новороденчето реагира на допир, истражувачите го набљудувале нивниот мозок.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...