Фановите на Вардар се степаа, еден тешко повреден, неколкумина во полициска станица

Реагирала и полицијата.

2531
FOTO> Ekipa.mk

Тепачка избувнала меѓу навивачите на Вардар на денешниот натпревар во кој нивниот тим изгуби од Македонија Ѓорче Петров 0:2.

Непријатните сцени започнале во 80 -та минута од скопско дерби кога од нејасни причини дошло до турканица, бркотница и меѓусебна тепачка на „комитите“, фановите на Вардар. Реагирала и полицијата.

Резултат од тоа е претепан навивач со тешки телесни повреди, кој завршил во болница, а неколкумина се приведени и однесени во најблиската полициска станица.

ФОТО: Екипа.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...