Уште 99 лица од крузерот „Дајмонд принцес“ заразени со новиот Kорона вирус

94

Кај уште 99 лица кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во близина на јапонскиот град Јокохама, е потврден новиот коронавирус, соопшти денеска јапонското Министерство за здравство.

Бројот на заразени на бродот, во кој има 3.711 патници и членови на екипажот, се зголеми на 454, откако вчера беа прогласени 355  луѓеза заразени.

Група американски државјани евакуирани од тој брод пристигнаа денеска со специјален лет во Калифорнија, а порано беше објавено дека има најмалку 40 заразени од приближно 400 Американци кои го напуштиле бродот.

Инфицираните ќе бидат лекувани во јапонските болници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...