Уредничката на „Ел“ го обвини Трамп дека ја силувал во стоковна куќа ФОТО+ВИДЕО

Керол за неделниот весник „Њујорк“ изјавила дека во 1995. и 1996 година сегашниот претседател ја силувал во една луксузна стоковна куќа во Њујорк.

1082

Уредничката на познатиот магазин „Ел“, Џин Керол, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување, што тој го негираше.

Керол за неделниот весник „Њујорк“ изјавила дека во 1995. и 1996 година сегашниот претседател ја силувал во една луксузна стоковна куќа во Њујорк.

Трамп, наводно, ја замолил да му помогне околу подарокот „за една жена“, а таа прифатила, но открила дека наводната жена е токму таа самата. Ја замолил да избере нешто од долната облека, и тргнал по неа во кабината, што таа првобитно го прифатила како шега.

Трамп со неа се заклучил во кабината, ја бакнал сосила, а потоа ја силувал, според нејзините наводи.

Керол набрзо се ослободила и побегнала. Во тоа време не поднела тужба поради страв, но за тоа разговарала со две новинарки и двете потврдиле за „Њујорк“ дека истата верзија на приказната ја слушнале и тие.

Трамп рекол дека приказната е „фикција“ и „лажна вест“, наведувајќи и дека не постојат докази, додавајќи дека таа личност не ја ни познава.

Ова не е прво обвинение на сметка на американскиот претседател за злоставување. Веќе 15 жени го обвинија, а тој сето тоа го негираше.

 


FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...