Вечерва концерт на отворено „Ну Погоди“ на Филхармонија во скопскиот Градски парк

491

Концерт „Ну Погоди“ на отворено со познати теми од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, кои го одбележаа детството на генерациите од 70-тите и 80-тите години организира Филхармонијата, вечерва во Градскиот парк во Скопје.

Во аранжмани на Владимир Николов и под диригентската палка на Џијан Емин оркестарот ќе свири теми од цртаните „Балтазар“, „Мечето Ушко“, „Козле Бозле“, „Ну Погоди“ и други.

Концертот се организираат во соработка со Младинскиот културен центар и со поддршка на Град Скопје, во рамки на серијалот „Филгармонијата на отворено“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...