УЕФА ги воведува новите правила, секој допир на тапката со рака се казнува

Промените на правилата ќе бидат применувани во првиот круг на Лигата на шампионите и квалификациите за ЕП 2020 во септември.

1549

Новите правила на УЕФА ќе стапат на сила на 25-ти јуни или поточно од новата сезона. Ова значи дека финалето во Лигата на нациите оваа недела и европските квалификации нема да бидат засегнати од овој момент.

Промените на правилата ќе бидат применувани во првиот круг на Лигата на шампионите и квалификациите за ЕП 2020 во септември.

Едно од најконтроверзните правила кои се подложени на промена е за играта со рака. Веќе секој допир на топката со рака на играчите сега ќе се смета за повреда на правилата, без разлика дали е ненамерно или раката е залепена кон телото на играчот. Судиите, исто така, ќе можат да покажат жолт и црвен картон за секој член на штабот на oдреден тим.

Друго ново правило е дека при замена, играчите мора да го напуштат теренот од најблиското можно место, за да не ја забавуваат играта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...