Поранешната турска фудбалска sвезда Хакан Шукур, кој по фудбалот се обиде и во политиката, сега за живот заработува како возач на такси во САД.
„Филмската приказна“ на турската суперѕвезда ја објави германскиот „Велт ам зонтаг“, кој го пронајде Шукур (48) во Вашингтон.
– Се преселив во САД и првично водев пекарница во Калифорнија, а кога тоа пропадна, сега работам како возач на Убер и продавам книги – рекол Хакан Шукур, кој ја одведе Турција до третото место на Светскиот куп во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година. Тој својата кариера ја оствари во Галатасарај и во репрезентацијата, за која постигна дури 51 гол на 112 настапи, беше најплатениот турски фудбалер, а играше и за Торино, Интер, Парма и Блекбурн.
Откако му заврши кариерата, Шукур ја почнал да се занимава со политика, влегол во парламентот, како главен противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а по неуспешниот државен удар морал да ја напушти татковината.
– Не бев ниту терорист, ниту предавник. Тие ми одзедоа сè. Тие го одзедоа целиот мој имот, десетици милиони евра – рекол Шукур.
ФОТО: Јутјуб/Скриншот