Тројца од осумте тестирани се позитивни на коронавирусот

На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар

2400

Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни  на коронавирусот.

Позитивните пациенти, од петокот, 7 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...