Три медали за македонските боксери на Националниот куп во Врбас

86
ФОТО: МИА

Македонските натпреварувачи со три медали, по еден златен, сребрен и бронзен, се враќаат од боксерскиот турнир во Врбас 2019, Србија, во кадетската конкуренција.

Најсјајно одличје отиде на градите на Ардијан Аземи кој беше најуспешен во категоријата +80 килограми. Тој во финалето го победи Вишал Гупта од Индија.

Сребрен медал освои Ајхан Озмен, откако во финалето во категоријата до 66 килограми загуби од Султан Бабаханов од Казахстан кој воедно е и првак на Азија.

Третиот македонски боксер со освоен медал е Илхан Озмен кој стигна до бронзениот медал.

На овој престижен турнир што се одржа викендот во Србија, нашата држава беше претставена и од судијата Стефан Цубалевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...