Трајковски и официјално е нов играч на Мајорка

297

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски денеска и официјално беше претставен како нов играч на Мајорка.

Крилниот напаѓач стави потпис на 4-годишен договор со шпанскиот тим, за кој оваа сезона ќе биде прва во Примера после шест години.

Трајковски доаѓа од Палермо каде помина четири сезони. За клубот од Сицилија одигра 113 натпревари, во кои реализираше 20 гола и 16 асистенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...