Британската кралица Елизабета Втора го пречека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија во замокот Виндзор.
Таа ги пречека во дворот со почесен кралски поздрав, по што следеше воен оркестар и интонирање на американската химна.
Трамп и кралицата извршија смотра на почесната стража пред да влезат во замокот на куса средба со шолја чај.