Како Србија гледа на Македонија

Србија е единствената земја на Балканот која на Грците и Македонците не им честиташе официјално на Договорот за името на Македонија.

2257

Србија е единствената земја на Балканот што официјално не честиташе за Договорот за името на ПЈРМ, постигнат по децениските преговори.

За разлика од поплавата честитки и изјави на поддршка, најмногу од Запад, од ЕУ, од соседите, па дури и од министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Србија не се одреди соодветно кон настанот што е значаен, не само за засегнатите земји, туку, и нарочно, за односите во соседството, ЕУ и пошироко, иако со тоа го растеретуваат Балканот од долгогодишниот проблем кој негативно влијаеше врз мирот и стабилноста во регионот, пишува во Данас, Јован Илиќ, член на ЕПУС, Форум за меѓународни односи.

Министерот за надворешни работи, со понижувачки тон, невообичаено за односи меѓу соседни и пријателски земји, рече дека „властите во Србија не го честитале“ постигнатиот договор, бидејќи „ние и немавме што да честитаме“. Со натегната поддршка на секој договор со кој се решава некој проблем, на Атина и Скопје им посака среќа „не навлегувајќи во називот“ и содржината на Договорот, со очекување дека тој, сепак, ќе придонесе за стабилноста во регионот.

Претседателот на Републиката, исто така „го поддржува секој вид на договор меѓу Скопје и Атина“ без желба да се изјасни „за идното име на македонската држава … бидејќи се работи „за нивна внатрешна работа … во кои не сака да се меша“. Тој, сепак истакна дека „мора да ги почитува ставовите на претседателот Иванов“, противник на договорот, а патем, „и на премиерот Заев“. (Претседателот, патем, на турскиот претседател му упати честитки за победата на изборите пред објавувањето на нивните резултати.)

Поради тоа што тој државнички одговорен потег на премиерите на двете земји, кон своите народи, но и кон соседите на се уште кревкиот Балкан, ако помине референдумот, отвора перспектива на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, највисоките функционери на Србија не го дочекаа со добредојде, нашата јавност има право да знае и да ги оцени причините за таквиот став кон овој храбар потег на Владите на соседните пријателски земји.

Иако со право може да се очекува договорот и позитивната атмосфера околу него да придонесат за олеснување на напорите на Србија во преговорите со Приштина да се избори за праведно и трајно решение на косовскиот проблем, да има спротивни оценки – дека тукашните власти, наводно, не го делат ова мислење, очекувајќи зајакнување на притисокот заради забрзување на преговорите во Брисел и, можеби, барањата за нови отстапки …

Отсуството на подршка на договорот упатува на претпоставката дека нашата влада не очекува дека грчко-македонскиот договор, со активирање на ЕУ, заклучоците од Софискиот самит и пристапната перспектива на „партнерите“ од Западен Балкан, ќе придонесе за општо подобрување на односите со Македонија.

Тоа е изразено во недовербата и извесната завист, повеќе од наша страна, кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји, а рефлектираат незадоволство од политиката на Македонија кон албанското прашање во Македонија, но и кон Косово (признание, прием во УНЕСКО) оценети како штетно за интересите на Србија, особено за нас поволно решение.

Со неуверлив изговор за „многу офанзивно делување на македонските служби против Србија“, но исто така и заради недозволеното ангажирање на советникот на Амбасадата, припадник на БИА, во немирите на страната на експремиерот Груевски во Собранието, министерот за надворешни работи, по наредба на претседателот, донесе невообичаено, ибрзано решение за комплетниот персонал на амбасадата во Белград, за, види чудо!, да се вратат за неполна недела подоцна.

Ова и некои други индиции укажуваат на претпоставката дека на, тогашниот премиер, Вучиќ не му одговарала промената на власта ниту начинот на кој тоа беше направено, како ни изборот на премиерот Зоран Заев. Колку поради добрите односи на премиерот Вучиќ со Груевски, но и со претседателот Иванов, чии ставови за Договорот „мора да ги почитува“, толку и поради најавената прозападна политика и, особено, евро-атлантската ориентација на новата влада на Македонија.

Според тоа, има повеќе од доволно причини за загриженост бидејќи сето тоа е во спротивност со уверувањата на нашите официјални лица за најдобрите односи на Србија со соседите, за нејзината водечка улога и фактор на стабилност на Балканот? И тоа пред се затоа што тоа не се однесува само на Македонија. Туку и за анализа и дискусија на секое од овие прашања, со цел да се избегнат „шумовите во врските“, недоразбирањата и тензиите не само во билатералните односи меѓу двете земји.

Од друга страна, охрабрувачки делува неодамнешната изјава на премиерот Заев за „Политика“ дека Македонија и Србија се соседи, но, пред се, пријатели кои делат вековна историја, традиција и култура, а денес ги поврзува заедничката европска иднина. Тој ги повика граѓаните „кои меѓусебно се сакаат и почитуваат“, .. кога веќе не сака власта „да градиме нови и да ги чуваме постојните мостови“, да развиваме заемно корисна соработка и да поставиме нови основи за заедничката иднина ….

Се надеваме дека, преку средби и разговори на регионалните и пошироките средби, претставниците на двете земји ќе успеат да постигнат разбирање, да воспостават потребна доверба и подготвеност за разговори за разликите и решавањето на спорните прашања во согласност со европските вредности, како билатерално така и на регионален план и да се одговори на прашањето од насловот.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...