Минатогодишниот финалист Тотенхем претрпе еден од најсрамните порази во својата историја, откако беше совладан со 7:2 дома од Баерн Минхен во неверојатен натпревар од групата „Б“ во Лигата на шампионите.
Двете екипи одиграа воодушевувачко прво полувреме, со напади наизменични пред двата гола. Хјун Мин Сон отвори за „петлите“, но веднаш откако изедначи Џошуа Кимих, а непосредно пред паузата, Баварците направија целосен пресврт преку Роберт Левандовски.
Десет минути по паузата, Серж Гнабри нанесе два удари во рок од три минути на лондонскиот тим, но Хари Кејн ја врати неизвесноста од пенал.
Привременото затишје кон крајот на натпреварот се покажа како голема бура бидејќи Баерн постигна уште три гола од 83-та до 88-та минута. Серж Гнабри стигна до четири, а уште гол додаде Левандовски.
Италијанскиот хегемон Јувентус пак го совлада Баер Леверкузен со 3: 0 во меч од групата „Д“.
Над сите беше Гонзало Игуаин, кој го отвори резултатот во 17-тата минута откако се избори со Јоната Та. По паузата, „Ел Пипита“ му асистираше на Федерико Бернардески, а во 89-тата минута Кристијано Роналдо го оформи конечниот резултат, откако претходно испушти неколку добри шанси.
Во следното коло на 22 ноември, Јуве го пречекува Локомотив Москва додека Баер гостува кај Атлетико Мадрид.
Во втората средба од групата Шпанците победија во Русија и имаат 4 бода исто колку и торинскиот гигант.
На Германците им останува нула актива, а „железничарите“ имаат 3 бода.
Резултати од ЛШ, 2. коло:
Група „А“
Реал Мадрид – Бриж 2:2
Галатасарај – ПСЖ 0:1
Група „Б“
Црвена звезда – Олимпијакос 3:1
Тотенхем – Баерн Минхен 2:7
Група „Ц“
Аталанта – Шахтјор Доњецк 1:1
Манчестер Сити – Динамо Загреб 2:0
Група „Д“
Јувентус – Баер Леверкузен 3:0
Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 0:2.
ФОТО: EPA / ANDY RAIN