Тите: Меси ја стави под сомнеж својата величина

По финалето синоќа бразилските репрезентативци го кренаа на раце својот тренер, кој исто така зеде став по острите коментари на Лионел Меси за организацијата на турнирот. Како што е познато, аргентинската ѕвезда соопшти дека сè е наместено во корист на Бразил.

222
ФОТО: EPA / Paulo Whitaker

Бразилскиот тренер Тите го предводеше тимот до титулата на Копа Америка и ја скрши серијата од 17 години без трофеј на турнирот за „селесао“. Бразилците победија со 3:1 над Перу, а Тите заслужи многу пофалби за начинот на кој го водеше тимот од почетокот до крајот на натпреварувањето, при тоа без да може да смета на ѕвездата Нејмар.

Самиот селектор запиша и индивидуални достигнувања со кои може да се гордее. Тој е првиот тренер кој го освоил Јужноамериканскиот континентален шампионат – Копа Америка, како и двата најпрестижни клупски натпревари – Копа Либертадорес и Копа Судамерикана. Тите победи во Копа Либертадорес на чело на Коринтијанс во 2012 година, а Копа Судамерикана со Интернационал во 2008 година.

По финалето синоќа бразилските репрезентативци го кренаа на раце својот тренер, кој исто така зеде став по острите коментари на Лионел Меси за организацијата на турнирот. Како што е познато, аргентинската ѕвезда соопшти дека сè е наместено во корист на Бразил.

– Оној кого го сметав за исклучителен, требаше да покаже повеќе почит. Еден спортист е должен да умее да губи. Бидете внимателни со она што го зборувате. Меси ја стави под сомнеж својата величина. Ја победивме Аргентина чесно – отсече Тите.

ФОТО: EPA / Paulo Whitaker

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...