Тешко повредено осумгодишно момче од Србија

99

Во 22,30 часот вчера на крстосницата од ул. „Славеј Планина“, ул.„362“, ул. „Македонско Косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од с.Блаце, скопско, удрило во осумгодишно момче од Република Србија.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...