Светскиот бр.1, Новак Ѓоковиќ забележа тежок успех на својот прв натпревар на „Мастерс“ турнирот во Париз.
Србинот го совлада 20-годишниот Французин Корентен Муте со 7-6 (2), 6-4 за 1 час и 45 минути игра. Ѓоковиќ, кој е четирикратен шампион и финалист на турнирот минатата година, изненадувачки можеше да го загуби првиот сет, за кој Муте сервираше при водство од 5-4. Младиот Французин, сепак, не издржа на притисокот а подоцна загуби во тајбрејк.
Во вториот дел, Ѓоковиќ на двапати забележа брејк, но повторно загуби на свој сервис, што на крајот не го спречи да го затвори натпреварот.
Србинот направи вкупно три брејка на натпреварот против два за Муте, но не импресионираше со неговите настапи. Во следната фаза, Ѓоковиќ ќе се сретне со победникот од дуелот Кајл Едмунд – Диего Шварцман, кој се игра во моментов.
Фото: EPA/YOAN VALAT