Вториот тренинг на Мото ГП шампионатот пред Големата награда на Италија беше прекинат поради тешката несреќа на тест-возачот на Дукати, Микеле Пиро.
Италијанскиот возач загуби контрола над моторот во првиот свиок, каде што брзината надминува и 350 километри на час.
Поради големата брзина 30-годишниот возач не можеше да забави, излета преку моторот и удри директно во земјата.
Тој во свесна состојба беше префрлен во болница во Фиренца, препознава луѓе и во моментов тоа е единствената достапна информација.