Тетовец истепан и оставен на улица без свест

671

По пријава на минувачи, полицајци однеле 43-годишен маж од Тетово во болница, кој бил оставен во безсознание и со видливи повреди. Лекарите откако му пружиле медицинска помош установиле дека има тешки повреди на главата по што со болничко возило го однеле во Клиничкиот центар во Скопје.

– Десеттина минути по полноќ, во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, пред угостителски објект, било забележано машко лице кое лежело на улицата и имало повреди. Набрзо лицето е пренесено во тетовската клиничка болница и утврдено е дека станува збор за 43-годишниот тетовец А.А., изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Повредениот А.А. откако добил медицинска помош во тетовската болница, се освестил и бил контактибилен, по што изјавил дека бил физички нападнат од неколку непознати лица и удрен со тврд предмет по главата.

Се преземаат мерки за расчистување случајот, истакна Јосифоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...