Александар Ношпал: Фустанот на Тамара го работевме со мал буџет, а сите го забележаа

Фустанот требаше да биде скулптурален, бидејќи Тамара беше сама на сцената. Детал на кој инсистираа е грбот, каде ставив сребрен патент што ја издолжува линијата и ја нагласува формата. Фустанот го изработував сам, а позади него се 700 работни часови. Пристапот беше како во француската висока мода, што инаку е моја специјализација - вели Ношпал.

12459

Александар Ношпал, македонскиот моден дизајнер деновиве е заплиснат со бројни коментари и комплименти поради извонредниот фустан којшто го изработи за Тамара Тодевска.

По големиот успех на македонската претставничка на Евросонг, Тамара Тодевска, многу медиуми пишуваат за неа, нејзината убава песна, но и за убавиот фустан што го носеше.

Александар Ношпал зборува за хрватска „Дива“ за креативниот процес кој е позади овој, сега веќе култен фустан.

– Ова е 4. пат како изработувам костими за претставникот на Македонија на Евросонг. Првиот пат учествував во 2000. година со групата ХХЛ, па 2002. со Каролина Гочева и  2004. со Тоше Проески. Соработката со Тамара не е случајна, бидејќи приватно сме  многу блиски. Таа ми е како помала сестра и ги изработував костимите за најважните мигови во нејзиниот живот. Кога Македонската телевизија ја повика да ја претставува Македонија на Евросонг, таа веднаш ме повика да ѝ изработам фустан. Морав да најдам време сето тоа да го вклопам бидејќи агендата ми е доста набиена, работам костимографии во Европа. И – го видовте резултатот – вели Александар.

Фустанот на Тамара е создаден во соработка со две тв режисерки од Шведска кои Македонската телевизија ги ангажирала за овогодинешниот настап: Марија Форсмар Рибергер и Тина Матулеси.

– Швеѓанките инсистираа на одредени бои, а јас дадов некои предлози, па на крајот решивме бојата да биде смарагдно зелена поради симболизација на душевниот мир, хармонија, повторно раѓање и надеж. Инаку, песната зборува за борбата со постпородилна депресија  – нагласува Александар.

– Што се однесува на формата, фустанот требаше да биде скулптурален, бидејќи Тамара беше сама на сцената. Детал на кој инсистираа е грбот, каде ставив сребрен патент што ја издолжува линијата и ја нагласува формата. Фустанот го изработував сам, а позади него се 700 работни часови. Пристапот беше како во француската висока мода, што инаку е моја специјализација. Имено, јас ја завршив Париската школа ЕСМОД и работев во модната куќа Мадаме ГРЕС – додава Ношпал.

Познатиот кореограф Лео Мујиќ со коментар :

– Успехот на македонската претставничка е резултат на енергија на извонредниот тим  кој беше и емотивно врзан за Тамара и со кој таа подолго сорабоува. Буџетот беше многу ограничен, така да сите внесовме максимална енергија за да ја направиме Тамара најдобра, зашто тоа и го заслужува. Успешниот резултат и трудот излегоа на површина и многу сим среќен поради тоа – рече Мујиќ.

ФОТО: Фејсбук, Дуга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...