Иако Бугарија го прифати новиот календар и празникот Водици се празнува веднаш по Нова година, во некои делови е задржана старата традиција, пренесе Сител телевизија.
Светиот крст се фрлаше во Стара река. Веднаш откако свештеникот го фрли крстот скокнаа неколку момчиња во замрзнатата река. Едно од нив имаше најмногу среќа и го фати крстот. Но, останатите веднаш му се нафрлија и почнаа да се грабаат.
Настана општа тепачка, а не помогнаа ниту апелите на свештеникот.
ФОТО Принтскрин