Мојот аутистичен син има 20 години и е насилен – кон самиот себе

Дваесетгодишниот Илија, кому никогаш не му ја одредиле точната дијагноза, ниту пак му ја погодиле вистинската терапија, живее со својата мајка и со глува и слепа баба во семејниот дом, заедно со вујкото, вујната и нивните 18-годишни близнаци. Не зборува, ниту пак знае да комуницира на друг начин, а најголемиот проблем на неговата мајка е тоа што не може да го остави сам ниту една секунда. Илија е насилен – кон самиот себе.Ова не е апел за помош од хумани луѓе. Нема крешендо со објава на жиро сметки. Ова е исповед на една силна мајка која и покрај лошата економска состојба во која се наоѓа семејството (на пример, им недостасуваат дрва за греење дома), е вистински борец за доброто на своето болно и најсакано чедо.

2404

Елизабета Спасовска е речиси педесетгодишна жена и мајка на 20 ипол годишен син. Нејзиниот син Илија, е висок 180 цм, голем, вистински маж. За жал, ништо освен ова што досега го напишав не е онака како што треба да биде. Елизабета која до пред некоја година работела како книговодителка во една фирма, повеќе не работи затоа што Илија, едноставно, не е способен за самостоен живот. И згора на тоа, тој не смее да остане сам ниту пет минути затоа што речиси секојдневно добива напади на автоагресија, па колку и неговата мајка да бдее и да внимава тој да не се повреди себеси, а честопати и да ја подметнува својата рака под неговата за да го заштити од самиот себе; Илија досега веќе толку многу се повредил, што успеал да си ја одлепи ретината на едното око, затоа што најчесто се удира по главата, а ушите веќе му се неколку пати поголеми од нормалната величина.

Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...