Телото на фудбалерката Исмаили е пронајдено на дното на езерото Комо

6451

Трагична вест дојде од Италија, од каде потврдија дека телото на фудбалерката на Јанг Бојс и швајцарскиот национален тим, Флоријана Исмаили, било пронајдено во езерото Комо.

Како што е познато, таа и нејзина пријателка изнајмиле брод со кој пловеле, а во еден момент Исмаили решила да се нурне во езерото, но не се вратила на бродот.

По неколку дена пребарување и користење на робот, кој стигнал до дното на езерото, безживотното тело било пронајдено.

Флоријана Исмаили имаше 24 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...