„Телеграф“: Поранешен играч на Реал Мадрид го нарачал нападот врз Ковачевиќ

880

Во Србија излегоа шокантни вести околу нападот врз поранешниот фудбалер на Јувентус и српската репрезентација, Дарко Ковачевиќ.

Пред десетина дена Србинот беше нападнат во грчката престолнина Атина и беше пукано во него. Според српски „Телеграф“, поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул Браво го нарачал нападот.

Грчката полиција во моментов работи на оваа верзија, но нема доволно докази. Актот можеби е поттикнат од фактот дека Ковачевиќ имал информации за учеството на Браво во наместени натпревари во Шпанија. Двајцата играа заедно во 2007-2009 година во Олимпијакос.

Како што е познато, Шпанецот беше уапсен под сомнение дека местел натпревари во матичната земја, но беше пуштен со кауција за 100.000 евра. По обидот за атентат врз него, Србинот не претрпе сериозни повреди, при што му е рането едното колено.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...