Тачи: Со политиката на неинтегрирање во НАТО и ЕУ, ВМРО – ДПМНЕ ќе нема со кого да прави влада и да победи на избори

2286

Политиката на тврдоглавост на ВМРО-ДПМНЕ не оди во прилог на интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ, изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи за албанската телевизија АБЦ.

Тој додал дека со ваква политика повторно се комплицираат меѓуетничките односи во земјата, што е опасно. Тачи додал дека на „ВМРО ДПМНЕ му е јасно дека оваа политика на неинтегрирање во НАТО и ЕУ, ќе доведе до состојба да ниту една политичка партија на Албанците во Македонија не влегува во колиција со ВМРО ДПМНЕ и да победи на избори.

Лидерот на ДПА оцени дека референдумот во Македонија е успешен, бидејки 6оо илјади гласови ниту една партија нема добиено на избори во земјата. Во врска со излезеноста на гласачките места , Тачи подвлече дека над 7о отсто од Албанците излегле на референдум .

– Околу 4о отсто од Албанците во Македонија се на работа во странство така што и бројките на избирачкиот список не се објективни. Во земјата нема попис повеке од 17 години. Референдумот беше консултативен и бројот на излезеноста е гаранција дека сега Собранието треба да започе со уставни промени – изјави Тачи.

Според него, меѓународниот фактор и актуелната власт заедно со опозицијата треба да направат големи напори проблемот да се надмине во Собранието. Ако не, додава Тачи, тогаш неминовни се избори бидејки нема друго решение.

– Албанците ја полчитуваат спогодбата на Македонија и Грција и се целосно определени Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ, друго решение за земјата нема – додаде Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...