Татко на едно од ранетите момчиња на свадбата: Видов како Адеми го погоди својот син!

1944

Јусуф Билали, родител на едно од ранетите момчиња на свадба во Тетово, за Алсат-М ја демантираше изјавата на пратеникот на ДУИ Џеват Адеми, кој тврди дека тој не пукал и не е виновен за ранувањето на својот син и на уште едно лице.

Билали вели дека бил сведок на целиот инцидент за тоа како Џеват Адеми заедно со друго лице на свадба испукале со огнено оружје при што ги раниле двете момчиња.

– Пратеникот удри со пиштолот на маса. Видов дека го погоди својот син и како лекар станав од масата за да му помогнам на неговиот син. Кога стигнав, бидејќи бев на три чекори далечина, кога стигнав до синот на Џеват Адеми, мојот син ми рече, тато ме отепаа – вели Јусуф Биљали.

Адеми пред неколку дена ги отфрли обвинувањата дека пукал.

– Ми зедоа парафинска ракавица. Затоа ја охрабрувам, како полицијата, така и обвинителството да ја завршат својата работа и случајот да го истераат до крај. Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица – тврдеше Адеми пред неколку дена.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...