Сакаш праскичка?

Ако сте го гледале филмот „Шеќерна водичка“ со прекрасната Соња Савиќ, тогаш знаете што сакам да кажам. Ако пак не знаете, не е важно, и онака ретко кој не сака сочни и вкусни праски

1199

Оваа реплика од филмот Шеќерна водичка на веќе покојната Соња Савиќ од секогаш ми била хит, сум ја искористила стотина пати, дури и кога на син ми додека беше мал му нудев праскички…Оние кои го знаеја филмот, веднаш знаеја на што мислам, а оние другите …не е важно што мислеа тие. Како и да е, ете поради таа икона на една генерација луѓе која растеше во поранешна Југославија, емотивно се поврзав со ова овошје кое секогаш ми било едно од омилените.

А кој не сака сочни и вкусни праски?

Секогаш биле едно од поефтините овошја кои кај нас не само што ги има во изобилие, туку богатиот род честопати пропаѓа затоа што не се успева да се обезбеди нивниот пласман.

Токму затоа, одлична е идејата за денешниот настан во Градскиот парк – „Хуманитарна праскијада 2019“ (од 10 до 13 часот), во чии рамки се нудат праски и производи од праски, а средствата од нивната продажба се наменети за финансиска поддршка на дистрибуција на храна до социјално загрозените граѓани

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...