Тарантино првпат стана татко на 56 години

Тоа е прво дете за 56-годишниот Тарантино и за 20 години помладата пејачка. 

434
ФОТО: CPR / Dsanchez / LALO / BACKGRID / E! NEWS

Како што пишува „Џерусалим пост“, 20 години помладата сопруга на Квентин Тарантино, Даниела, која е Израелка, се породила вчера во Тел Авив. Триесет и шест годишната Даниела на свет донела момче.

Тоа е прво дете за 56-годишниот Тарантино и за 20 години помладата пејачка.

Даниела е ќерка на познати израелски пејач и текстописец.

– Даниела и Тарантино се среќни што можат да ја објават убавата вест за раѓањето на нивното прво дете – изјави менаџерката за американскиот портал ТМЗ.

Тие сè уште не го откриле името на новородениот син.

Тарантино и неговата сопруга од ноември престојуваат во изнајмен стан во Тел Авив, а инаку живеат во Беверли хилс.

Брачната двојка се венча во ноември 2018 година на церемонија на која присуствуваа големи имиња од Холивуд.

Тарантино своевремено изјави дека кога снима филмови не прави ништо друго.

– Сè е во филмот, немам сопруга, немам дете. Ништо не ми пречи. Целиот свет може да замине во пеколот и да изгори во пламен. Не ме интересира. Овој е мој живот. Тоа е Монт Еверест. Ако се качувате на него, не правите ништо друго – рекол своевремено Тарантино.

ФОТО: CPR / Dsanchez / LALO / BACKGRID / E! NEWS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...