Еден знак на ноктите на рацете може да открие дали ви се заканува срцев удар

Бројни студии покажале дека ноктите се одраз на нашето здравје, а сега се испоставило дека тие исто така можат да укажат и на проблеми со срцето.

1975

Покрај болкaта во градите, потењето и гадењето, како и проблемите со дишењето, постои еден дел од телото што може да укаже дека имате срцев удар. Станува збор за ноктите!

Бројни студии покажале дека ноктите се одраз на нашето здравје, а сега се испоставило дека тие исто така можат да укажат и на проблеми со срцето.

Обрнете внимание на рацете, погледнете во ноктите и побарајте црвени или виолетови линии под плочата на ноктите.

Американските дерматолози наведуваат дека линиите можат да откријат дали имате корорнарна срцева болест. Медицински гледано, овие ситни линии претставуваат крвни дамки што се појавуваат под ноктот, а кога ќе се појават како резултат на корорнарна срцева болест, покрај овој симптом се појавуваат висока телесна температура и слаби или неправилни отчукувања на срцето.

Тие откриваат уште еден знак што може да открие дека страдате од корорнарни болести на срцето.

Nail clubbinge – медицински термин што ги опишува ноктите искривени надолу и отечените прсти, исто така би можело да биде показател за болест.

Покрај тоа, Националната здравствена служба (NHS) посочува дека најчестиот симптом на корорнарна срцева болест е силната болка во градите. Постојат голем број ризични фактори кои ја зголемуваат веројатноста за појава на срцеви болести.

Хипертензијата (зголемен крвен притисок) е најопасниот фактор и покрај тоа, лекарите посочуваат дека луѓето кои имаат високо ниво на лош холестерол и дијабетес се изложени на зголемен ризик од срцев удар.

Исто така, нездравиот начин на живот може да придонесе за развој на срцевите болести, а обично станува збор за недоволна физичка активност, дебелина, нездрава исхрана богата со сол, храна сочинета од заситени масти…

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...