Суспензија од два натпреварa за Горан Пандев

259

Македонскиот фудбалски репрезентатвен капитен, Горан Пандев, нема да може да игра за својот клуб Џенова на наредните два натпревара од италијанското првенство.

Пандев откако постигна прекрасен гол од 40 метри, на гостувањето кај Лече доби и два жолти картона, автоматски и црвен, па тоа исклучување што е оквалификувано и како неспортски однос, ќе го чини два меча отсуство. Тој ќе треба да плати и парична казна од 12.000 евра.

Џенова ќе биде без Пандев на градското дерби против Сампдорија на 14 декември, и на гостувањето кај екс клубот на Пандев, Интер, на 21 декември

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...