Натпреварувачката во Формула 3, Софија Флорш во трката за големата награда во Кина преживеа хорор.
Таа при голем брзина испаднала во кривина, закачила друг болид, што буквално ја лансираше надвор од патеката.
Таа ја прелетала безбедносната ограда и некако извлекла жива глава, но се здоби со скршеници на рбетот.
Тимот на 17-годишната девојка соопштил дека таа е во стабилна состојба и дека е свесна.
Јапонскиот возач Шо Тсубои со кого Софија се судрила е префрлен во болница.
Освен нив во болница се пренесени и двајца фотографи и уште еден човек.
Фотографот Минами Хиројуки има потрес на мозокот, а Чан Ча скршена коска на јагодицата и посекотини.
Другиот фотограф Чан Венг Ванг има оштетување на џигерот. Трката е прекината во истиот момент и продолжила по еден час.