Стерлинг: Сочувствувам со Бугарија што ја претставуваат вакви идиоти на стадионот

731
ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

Напаѓачот на Англија, Рахим Стерлинг, по победата над бугарскиот тим (6:0) синоќа во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020, го коментираше расистичкото однесување на навивачите на стадионот.

– Сочувствувам со Бугарија што беше претставувана од вакви идиоти на стадионот – напиша Стерлинг на Твитер.

Во секој случај, 6:0 и летаме дома. Ние ја завршивме нашата работа. Добар пат за нашите навивачи, тие беа добри, додаде Стерлинг.

Средбата во Софија, беше прекинувана двапати, а навивачите замолени да прекинат со расистичките навреди.

ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...