Во грчкиот Парламент за денеска во 14.30 часот по локално време е закажано гласањето за ратификација на Договорот од Преспа. По тензичните протести вчера, за денеска се најавени нови, а на бунт се кренаа и средношколците.
Според информациите кои ги објавуваат грчките медиуми, тие запоседнале 55 училишта од кои најмногу во Пела. Таму учениците блокирале 22 училишта од вкупно 49.
Во Солун, пак, се блокирани околу 10 училишта.
Photo: EPA/Yannis Kolesidis