Спречен шверц на 340 пакети со лекови од Македонија во Косово

Неколку сѐ уште неидентификувани лица, кои од македонска на косовска територија пренеле голема количина лекови, успеале да ѝ побегнат на полицијата.

267

Косовската полиција спречи шверц на 340 пакети со лекови, кои од Македонија на илегален начин биле внесени на косовска територија, од за сега сѐ уште непознати лица.

Полицијата не успеала да ги уапси шверцерите, кои успеале да ѝ избегаат во густата шума кај месноста Вражевирски Мост во селото Сечиште, во близина на преминот Блаце (Генерал Јанковиќ) на косовско-македонската граница.

– Неколку сѐ уште неидентификувани лица, кои од македонска на косовска територија пренеле голема количина лекови, успеале да ѝ побегнат на полицијата, која води интензивна потрага по нив во соработка со македонската полиција. Лицата тргнале од Македонија и илегално на косовска територија внеле 340 пакети со лекови, вакцини, ампули – јави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

Повикувајќи се на полициски извори весикот наведува дека акцијата на полицијата била реализирана ноќта меѓу 8 и 9 април, но во интерес на истрагата за неа информирала денеска попладне.

Според портпаролот на Царинската управа на Косово Адриатик Ставилеци, запленетата стока била предадена на царинските работници на преминот Блаце. Лековите немале никаков вид баркод. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...