Со голот на Лазаров, Македонија почна со победа на ЕП

251

Во драматична завршница со голот на Кире Лазаров македонската ракометна репрезентација победнички ја почна групната фаза на Европското првенство, со победа врз Украина со 26-25.

Нашите ракометари во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот во „Виенер Штадхале“ арената, меѓутоа Украина со добра игра се врати во финишот и на крајот успеа дури и да го израмни резултатот.

Кире Лазаров сепак со гол во последната секунда го донесе големиот триумф.

Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот со 7 голови. Одличен меѓу стативите беше и Никола Митрески кој успеа да собере вкупно 15 интервенции.

Остроушко со пет гола беше прв стрелец кај Украинците.

За играч на натпреварот беше прогласен Филип Талески.

Утре е слободен ден во групата Б, а в недела ни следи дуелот со Чешка.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...