Со анимирано видео ќе се привлекуваат жени во Армијата ВИДЕО

236

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, денеска во Министерството за одбрана беше промовирано новото анимирано видео посветено на привлекувањето жени во редовите на Армијата.

Видеото е изработено заедно со Канцеларијата на UNWomen во Скопје, а има за цел да покаже дека жените и мажите во армијата се еднакви и оти приоритет за Министерството за одбрана е воспоставување целосна родова рамноправност и родова перспектива во армиските редови.

На денешната средба, како што соопштија од МО, координаторката на работната група за родова еднаквост во Министерството, Катерина Ставреска и раководителката на Канцеларијата на UNWomen во Скопје, Весна Ивановиќ Кастаред заклучиле дека меѓусебната соработка е на исклучително високо ниво и дека од оваа соработка произлегле важни документи што го воспоставуваат системот за целосна родова еднаквост во Армијата, како новото Упатство за организирање и водење на родова обука, Правилникот и Водичот за заштита од вознемирување, како и ново-промовираното видео.

Ставреска посочила дека Министерството интензивно и посветено работи на полето на родовата еднаквост, а пример за тоа, освен споменатите документи е и сертифицирањето и поставувањето на 36 родови советници во Министерството и во сите единици на Армијата, чија задача е да го советуваат раководството, но и вработените за прашања поврзани со родовата еднаквост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...