Роналдо се врати во Торино

394
ФОТО: EPA / STEFFEN SCHMIDT

Португалскиот фудбалски ас Роналдо се врати во Торино и се приклучи на денешниот тренинг на екипата на Јувентус по денот минат во неговата родна земја поради мозочниот удар на неговата мајка.

„Кристијано учествуваше во денешниот тренинг со екипата“, се наведува на официјалната интернет страница на Јувентус.

Роналдо соопшто дека мајка му е во стабилна состојба по хируршката интервенција и добро се рехабилитира во болнички услови. На болницата, во која таа се лекуваше и од рак на дојка во изминатите години, ѕвездата на Јувентус донира 100.000 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...