Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот: Во Европа само во Турција, Црна Гора и Косово нема заразени

Само три држави во Европа досега немаат ниту еден случај на зараза, а тоа се Црна Гора, Турција и Косово.

907

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 118.002 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 4.264 лице, а 65.103 оздравеле.

– Во последните 24 часа во Италија од новиот коронавирус починаа 168 лица. Според најновите податоци, забележани се 977 нови случаи на зараза и сега бројот на активни случаи се зголеми на 8.514.

– Само три држави во Европа досега немаат ниту еден случај на зараза, а тоа се Црна Гора, Турција и Косово.

– Ер Франс ги откажа сите летови за Италија.

– Во Србија потврден петти случај на Ковид-19.

– Во следните 14 дена се затвораат сите образовни институции во Грција, превентивно, за да се намали ширење на коронавирусот.

– Американската држава Њу Џерси пријави прв смртен случај од коронавирус.

– Прв случај на заболен од Ковид-19 регистриран во Демократска Република Конго.

– Преку GoFundMe кампања во Италија се собрани четири милиони евра за локалните болници.

– Бројот на заразени од коронавирусот во Албанија се зголеми на 10 лица, потврди албанското Министерство за здравство.

– Според Меѓународниот Совет на Аеродроми за европскиот регион (АЦИ Јуроп) епидемијата на коронавирусот ќе значи опаѓање на бројот на патници за 13,5 отсто во првиот квартал од годината. Европските аеродоми очекуваат 187 милиони патници помалку годинава поради епидемијата на Ковид-19, која според нивната оценка се „претворила во шокантни размери, без преседан за таа индустрија“.

– Во државата Њујорк регистрирани 170 случаи на коронавирус.

– Катар забрани користење наргиле во кафулињата и рестораните.

– Двајца возачи на училишни автобуси позитивни на Ковид-19. Околу 80 ученици се тестираат.

– Во Белгија денеска се регистрирани 28 нови случаи на лица заразени од коронавирусот. Со тоа вкупната бројка на заболени достигна 267.

–  Поради коронавирусот Словенија ги забранива слетувањата на авиони кои доаѓаат од ризичните подрачја.

– Францускиот претседател Емануел Макрон оцени: Ние сме на самиот почеток на епидемијата.

– Властите во Република Српска донесоа одлука за затворање на сите училишта на тоа подрачје и забрана за одржување масовни собири.

– Во Хрватска потврден 15 случај на заразата.

– Бројот на инфицирани од Ковид-19 во Шкотска се зголеми на 27.

– Шпанскиот Парламент на една седмица престанува со работа откако денеска беше потврдено дека пратеник од партијата Вокс е позитивен на Ковид-19. Исто така, запрени се сите летови меѓу Шпанија и Италија.

– Словенија забрани собири со над 100 луѓе во затворен простор.

– Во Црна Гора не е евидентиран ниту еден случај на заразата, но црногорските власти воведоа строги превентивни мерки, кои вклучуваат забрана за патување во најпогодените земји, како и забрана за доаѓање патници од тие држави. Се забранува патување во и од Италија, Шпанија, Иран и Кина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...