Борис Бекер вчера првпат во јавноста ја претстави својата нова избраничка Лајла Павел, а двојката беше фотографирана на Вимблдон, четири месеци откако нивните заеднички папарацо фотографии го обиколија светот.
Борис и Лајла беа забележани уште во март оваа година на вечера во еден престижен ресторан, но дури денеска пристигна и официјалната потврда дека започнале романса.
Тениската легенда уживал во друштво на својата 20 години помлада девојка, а биле практично неразделни – се смееле, се држеле за раце…
Лајла блескала во едноставниот бел фустан, стајлинг надополнет со шешир и темни очила за сонце.
Славниот тенисер прогласи банкрот во јуни 2017 година, а еден месец подоцна објави дека се разведува од холандската манекенка Лили Керсенберг со која беше 13 години во љубов.
FOTO: PROFIMEDIA/PRINTSKRIN