Со изнесување материјални докази од страна на Обвинителството за гонење на оранизиран криминал и корупција денеска продолжува главната расправа за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како и Зоран Милески Кичеец кој на почетокот на судењето призна вина и е осуден на три години затвор.
На судењето за мега аферата „Рекет“ се очекува да бидат прикажани снимки што како докази ги доставил сведокот Јордан Камчев.
На преходните рочишта обвинителството презентираше снимки од безбедносните камери во домот на Камчев, а направени во февруари лани. На нив се гледа како Зоран Милевски Кичеец прво сам влегува во домот на бизнисменот. Потоа на друга снимка во куќата на Камчев доаѓа заедно со Бојан Јовановски. По половина час, во 16.10 часот, двајцата си одат со торби во рацете.Торбата „Луј Витон“ која завршува на задното седиште на портокалов џип марка „тирок“ ја носи Кичеец.
Судскиот процес го води судијката Васка Николовска Масевска.