Не цмиздри, Тричко, те избркаа од „Слободен печат“, ама пак ќе те вратат – а ти, каков што си, ќе прифатиш како попче!

Една недела почекај, да се заборави на хумусот. Ако ептен ти се брза, јави ми се, ќе ти кажам каде да се пожалиш и задутре ќе бидеш вратен. А ти, фино лепо, ќе прифанеш. И ќе им простиш што те понижија. А и Ѓуро ќе ти опростити што те је туко...

10752

Јас те поканив, Бранко Тричковски, да бидеш колумнист во „Слободен печат“. Од првиот број. Инсистирав и издејствував да примаш пристоен хонорар. Ти и покојниот Васил Мицковски бевте единствените платени колумнисти на „Слободен печат“.

Голема борба водев за тие пусти хонорари, не толку заради парите, колку заради статусот. „Не сме весник ако немаме барем двајца колумнисти кои ќе можат да се пофалат дека заработуваат со своето перо“, им велев на газдите. И бидна по мое.

Цели пет години, под мое врховно уредништво, никој не смееше да смени ни една запирка во твоите колумни. Никој не смееше збор да ти пререче. Ни менаџер, ни газда, ни колега… Никој! Ни јас. Дури и кога ти се осили во своите колумни и мене да ме напаѓаш и да ме навредуваш.

Цели пет години луѓе од разни страни ми реагираа на твоите колумни. Меѓу нив има и такви кои сега те величаат. Реагираа луѓето на твојот пис јазик, на твоите недолични напади, на твоите навреди… Имаше директни притисоци да ти дадам отказ. Тричковски, ти никогаш не дозна за тие реакции! А на сите што притискаа им одговарав исто – тој е мој избор и ќе биде колумнист сè додека самиот не одлучи поинаку.

Таков е мојот принцип. Таков бил отсекогаш. Таков сум. Будала. Наивен. Патам поради тоа, но нема да се сменам. Фраер сум, пичка ти материна!

Во еден момент, Тричковски, ти јавно побара јас, како главен уредник на мојот весник (во морална смисла, „Слободен печат“ беше мој весник), но и Владе Милчин, како мој избраник за колумнист и човек заслужен за покренувањето на проектот, да престанеме да пишуваме во весникот. Замисли каква дрскост! Се разбира, барањето го одбив јавно и еднакво дрско, по што ти, фриволниот и славен колумнист, одлучи да престанеш да пишуваш во весникот, наводно поради „несогласување со уредувачката политика“. Вистинската причина за таа драмолетка беше тоа што ти си бил запознат со планот да бидам избркан од весникот. Тоа го разбрав подоцна, од сигурен извор. Нема да ти се верува кој ми го кажа тоа…

По мојата оставка и после отказот што го поднесов под цензорски и политички притисок од газдите, тие веднаш побрзаа повторно да те ангажираат за колумнист. Наспроти лажното „џентлменско“ ветување на газдите и на уредниците дека нема да ти биде дозволено да ме клеветиш и да ме навредуваш во весникот што јас го покренав, ти го стори токму обратното, исполнувајќи дел од својата пропагандна мисија, напаѓајќи ме и мене во колумните во „Слободен печат“ и на Фејсбук, безмалку секој ден.

Но ете, што ти е судбина…

Читам твој статус во кој цмиздриш поради тоа што газдите те избркале од „Слободен печат“. После онаа твоја грозна и глупа антисемитска реченица што ја надроби на Фејсбук – веројатно најгрдото нешто што го имаш напишано сиве овие години – уредниците прво се оградија од тој твој вербален деликт, а газдите, немајќи каде, ти дадоа отказ. Не ги обвинувај, така им е кажано. И над нив има газда.

Како бескарактерен човек, опиен со лажна слава и овенчан со лажни ловорики, ти, Тричковски, ништо не разбираш. Ти не успеваш да ја препознаеш разликата и да сфатиш со кого со имал работа во „Слободен печат“. Гледам дека не знаеш дека со весникот газдуваат луѓе без личен и професионален интегритет.

Еј Тричко, Тричко, будало една!

Да бев јас уредник, ова никогаш немаше да се случи. Ќе патев, ќе ги трпев твоите будалштини, ќе ги објавував твоите џејмисони преточени во колумнистички делириум тременс, но ти ќе можеше слободно да ги празниш од клоаката твоите антимакедонистички и антисемитски срања и никој немаше ни да помисли да ти го земе перото. А ако притисокот ќе беше таков да мораше да добиеш нога во задникот, како што доби сега, од „Слободен печат“ ќе си заминевме заедно. Јас прв. Мојата „суета“ немаше да издржи било кој да ги менува моите колумнисти.

Ебати уредник на кој газдите му ги менуваат колумнистите!

Не цмиздри сега, Тричко! Не туку плачипичи. Многу добро ги знам тие што ти дадоа отказ. Ќе чекаат они малку да се заборави скандалот и пак ќе те вратат. Брзо, пред избори. Им требаш. За пцуење и глупирање. Ако ептен ти се брза, јави ми се, ќе ти кажам каде да се пожалиш и задутре ќе бидеш вратен. А ти, фино лепо, ќе прифанеш. Немаш ти карактер да им кажеш „кој ве ебе“. И ќе им простиш. А и Ѓуро ќе ти опростити што те је туко…

Хахахаахахаха!

ПС. Вчера во „Слободен печат“ дошле белградскиот газда Александар Родиќ и неговиот соработник Дејан Волф. Родиќ бил консултиран кога била подготвувана мојата смена. Би се обложил дека во Скопје сега газдите разговарале и за тебе. Како да се избрка Тричковски. А пред тоа, нормално, го прашале врховниот газда. Кои шапшали, човече. Ако било така, гордеј се, си добил третман скоро како и јас. Скоро…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...