Случајот за силување против Роналдо тивко прекинат

340

Случајот за силување против Кристијано Роналдо беше тивко прекинат. Тој беше покренат од Американката Кетрин Мајорга која тврдеше дека е жртва на сексуална злоупотреба од страна на португалската ѕвезда во хотелска соба во Лас Вегас во текот на летото на 2009 година.

„Блумберг“ објави дека пред еден месец, одбраната доброволно ги повлекла своите обвиненија.

Потсетуваме дека скандалот се појави во септември минатата година, кога Мајорга одлучи да продолжи со случајот и да покрене обвинение против Кристијано. Таа изјави дека во времето кога се случило наводното силување, била принудена да потпише договор за необјавување на информациите од адвокатите на Роналдо. Медиумите, исто така, укажаа на износот за нејзиниот молк – 375.000 долари.

– Потпишав, бидејќи се плашев. Тој е познат човек, а јас сум обична жена. Не сакав моето име да се замешува во вакво грозно нешто. Се плашев дека медиумите нема да ме остават на мира, но веќе не можам да молчам, а и секогаш сум се прашувала дали има и други жени, кои станале негови жртви – прокоментира таа пред „Шпигел“.

Не е познато дали Мајорга сега има постигнато нов вонсудски договор со играчот.

Според зборовите на Кетрин, предметното силување се случило на 13 јуни 2009 година, еден ден откако медиумите го снимија Кристијано како се забавува со Парис Хилтон во клуб во Лос Анџелес. Неколку часа подоцна, излезе веста дека Роналдо ја прифатил понудата на Реал Мадрид.

Во тоа време, Португалецот имаше 24 години и беше на одмор во Америка со неговиот очув и братучед. Дваесет и петгодишниот тогаш модел Кетрин Мајорга пак работела во ноќниот клуб „Реин“ во локално казино, каде се запознала со Кристијано во ВИП зоната.

Папараци фатија како двајцата флертуваат, по што Кристијано ја поканил убавицата во претседателскиот апартман во хотелот за да „уживаат во глетката над Лас Вегас“. Луксузниот стан располагал со џакузи на балконот, но Кетрин одбила да влезе за да не го уништи фустанот.

Според неа, Роналдо и понудил облека и ѝ рекол да оди во тоалет. Според судските документи во овој момент, тој влегол и прашал дали сакаат да имаат секс. Американката одбила да има секс со него, но признала дека го бакнала откако ветил дека ќе ја пушти.

– Во еден момент почна да ме притиска. Почна да ме притиска и да ме допира на некои места. Го турнав и продолжив да кажувам: „Не“ – рече таа.

Според неа, Кристијано ја турнал во кревет и ја силувал, додека таа постојано врескала „Не, не, не“.

Кристијано Роналдо категорично ги отфрли обвиненијата за силување и ги нарече „лажни вести“.

– Јас цврсто ги негирам обвинувањата направени за мене. Силувањето е страшно злосторство кое е против мојата суштина и против сè во што верувам. Излегувам со моето име и одбивам да го потхранувам медиумскиот циркус создаден од луѓе кои сакаат да станат познати на мој грб – напиша тој на социјалните мрежи.

Потоа дојде друга порака, во која Кристијано Роналдо објави дека неговата „чиста совест“ ќе му овозможи да ги чека резултатите од истрагата „со смиреност“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...