Во судот во Лондон во понеделникот можеше да се слушне дека поранешната водителка на шоуто „Љубовен остров“, Керолин Флек (40) го удрила своето момче Луис Бартон (27) со ламба додека спиел затоа што се сомневала дека ја изневерува.
Еден од полицајците вклучени во интервенцијата изјави дека местото на наводниот напад личело на „сцена од хорор филм“.
Флек во понеделникот на прелиминарното рочиште изјави дека не е виновна за нападот врз Бартон, поранешен професионален тенисер и манекен.
Поранешната водителка на телевизиското шоу „Остров на љубовта“ беше обвинета на 13 декември за физички напад по инцидентот во нејзиниот дом во северен Лондон. Судскиот процес за утврдување на нејзината вина ќе се одржи во март следната година.
Флек се повлече од работата презентер на-ТВ шоуто, откако беше обвинета за напад и на нејзино место работи Лора Витмор.
Обвинителката Кејти Вајс изјави дека Бартон е жртва бидејќи се здобил со сериозна повреда на главата.
Понатаму, Вајс рече дека Бартон верува дека нападот се случил откако Флек ја видела СМС-пораката што ја натерало да помисли дека нејзиното момче ја изневерува.
– Тој рече дека спиел и (Каролин Флек) го удрила со ламба по главата и му направила сериозна исеченица. (Луис Бартон) го молеше операторот да повика помош. И двајцата беа покриени со крв, а еден од полицајците ја спореди сцената со онаа во хорор филмови – додаде Вајс.
Флак беше ослободена со кауција и негираше каков било контакт со Бартон.