Градот Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.
Со јавниот повик се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, соопшти Градот.
Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“.
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
Целосниот јавен повик со условите и критериумите за аплицирање граѓаните можат да го видат на следната интернет врска –
www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен повик за инвертори.pdf
Образецот – барање за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на инвертер клима уред за 2019 година граѓаните можат да го симнат од следната интернет врска – http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8.doc
Барањето за издавање потврда за подмирени обврски по основ на данок граѓаните можат да го преземат од следната интернет врска –