Ракометарот на Металург и репрезентативец на Македонија, Филип Кузмановски синоќа бил нападнат во спортската сала во Автокоманда.
Нападот се случил по завршувањето на натпреварот меѓу Металург и Еурофарм, во којшто скопскиот тим го задржа второто место во домашниот шампионат.
Инцидентот во потврдуваат и во МВР од каде информираат дека напаѓачот бил 23-годишно момче од Скопје.
„Синоќа во 21,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ф.К.(22) од Битола (ракометар на ракометен клуб “Металург“-Скопје) пријавил дека на 23.05.2018 година околу 21.30 часот по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК “Металург“ и РК “Еурофарм“ во Спортската сала Автокоманда, при излегување од соблекувалните бил физички нападнат од страна на А.Б.(23) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.