Синот на поранешниот тенисер Горан Иванишевиќ, Емануел Иванишевиќ (12), вчера страдаше во автомобилска несреќа во Загреб.
Во автомобилот, тој бил со манекенот и музичар Влахо Арбулиќ (29), сегашен партнер на Татјана Драговиќ, бившата сопруга на тенисерот.
До несреќата дошло кога автомобилот со кој управувал Влахо Арбулиќ, се забил невнимателен возач кој поминал на црвено светло на семофарот.
– Вистина е, имавме сообраќајна несреќа и еве нè, во болница. Но, човекот да не поминеше на црвено светло, немаше да се забиеме во ѕид. Ужасно – потресено рекол Арбулиќ. Тогаш истакнал дека се работи за полесни повреди, пишува порталот „24сата.хр“.
Меѓутоа, само половина час подоцна, поранешната манекенка Татјана Драговиќ (41) рекла дека сепак, се работи за потешки телесни повреди и дека не е во можност да зборува, бидејќи е потресена од несреќата.
– Син ми е во болница, со тешки телесни повреди. Не сум во состојба да разговарам – кратко одговорила манекенката за синот. Подоцна Арбулиќ за „Индекс.хр“ потврдил дека во автомобилот биле тој и синот на Татјана и Горан Иванишевиќ.
„Во шок сме и фокусирани сме Емануел што поскоро да закрепне. Има повреди на главата кои се квалификувани како тешки, но лекарите се оптимистични и се надеваме на позитивен исход“, изјавил Арбулиќ.
Фото: Читател на порталот „24 сата.хр“