Заев: Ќе го решиме и проблемот на МПЦ-ОА! – Мицкоски: Немојте така, верниците ќе почнат да ви веруваат!

934

Правиме терен за решавање и на црковниот проблем на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на дебатната емисија на Канал 5.

На ова, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му порача да не зборува така, оти верниците ќе почнеле да му веруваат.

– Сега почнавте да се мешате и во црковната политика? Немојте така да зборувате, ве молам, оти верниците ќе почнат да ви веруваат – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...